Во Албанија денеска преку Ковакс механизмот пристигнаа 38.400 вакцини од „АстраЗенека“, соопшти информираше Огерта Манастирлиу, министерка за здравство. Со оваа пратка, додава таа, започнува со вакцинација на учителите и наставниците.

Албанија има потпишано договор со Ковакс за испорака на 1.114.000 дози на вакцини за што се платени 3,9 милиони долари.

Процесот на имунизација против Ковид-19, под мотото „Албанија насмевната“ почна на 11 јануари со добиени 975 вакцини од, како што тогаш изјави Рама, пријателска земја. Во меѓувреме во Албанија пристигнаа и 22.230 вакцини од компанијата „Фајзер“, што е првата пратка од договорените 500 илјади дози.

Досега се вакцинирани над 22 илјади, главно здравствени работници и лица постари од 80 години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.