На неколку гранични премини, Националната агенција за храна на Албанија денеска блокирала влез на 48 тони продукти од неколку земји, меѓу кои и сол од Македонија. Половина од блокираните продукти, доаѓаат од Србија, поточно 20,4 тони овошни сокови на „Фруктал“, кои не ги поминале законските норми за трајноста на производите.

НФА исто така блокираше 2,7 тони сол од Република Македонија, поради некомплетна документација. Поради истата причина вратени се и 4 тони енергетски пијалоци „ред бул“ во Романија.

На пристаништето во Драч блокирана е сол и од Германија и тоа 21 тон затоа што на производите немало датум на производство како и состав, односно дали станува збор за јодирана сол или не.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.