Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за Си -Ен -Ен рече дека земјата ќе прими околу 4.000 Авганистанци и дека не се работи за религија или боја, туку за луѓе.
Рама рече дека Албанија треба да обезбеди засолниште и доверба за бегалците во време на криза, пренесе „Косев“.
Не станува збор за вера или боја, туку за луѓе, ние мора да им дадеме засолниште … Како можеме да дозволиме овие луѓе да умрат? Како да им ја затвориме вратата? Работиме на примање на нив, ќе ги има околу 4.000, рече Рама.
Тој посочи дека одлуката на албанската влада да им помогне на Авганистанците не е од религиозна природа, додавајќи дека фактот дека Албанија и Авганистан се претежно муслимански земји, нема влијание врз одлуката на владата да прифати бегалци, пренесе „Газета експрес“.
Јас сум католик. Мојата сопруга е муслиманка. Двете постари деца се православни. Нашиот најмлад син, ако сака, може да избере да биде од еврејска вера. Тоа се луѓе без разлика на бојата на кожата, културата или верата, изјави Рама.
Според него, доколку Европската унија и САД одлучат да ја повлечат поддршката за авганистанските бегалци, Албанија нема да го стори тоа, туку ќе им обезбеди азил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.