Во Берлин веќе нема дилеми околу напредокот на Македонија кон ЕУ. Се поизвесно е дека Албанија, поради политичката криза, ќе отпадне од пакетот, пишува германската новинска агенција ДПА. Дојче веле на македонски јазик, денеска и покрај критиките од конзервативната ЦДУ, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и натаму се залага за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија. Притоа тој наведува дека одлука на таа тема нема да биде донесена на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ следната недела.
Сакаме да бидат отворени пристапни преговори со Македонија и Албанија, изјави политичарот од редовите на германските социјалдемократи во четвртокот.
Со оглед на отпорот на Франција кон таквиот чекор, Мас вели дека може и подоцна да се одлучи кога ќе се отвори можност да се убедат и скептичните држави.
Заменик-шефот на пратеничката група на ЦДУ во Бундестагот, Јохан Вадефул вели дека без оглед на ваквите ставови, Парламентот дури на крајот на септември ќе и даде зелено светло на Владата.
Тој искажува сомнеж дали Албанија, со оглед на внатрешно-политичките превирања, навистина е подготвена за почеток на преговори. Мас, пак, посочува на позитивното мислење на Европската комисија.
Холандскиот Парламент во средата се изјасни за почеток на преговори со Македонија, но не и со Албанија. Конечната одлука, ЕУ ќе ја донесе во октомври.
Канцеларката Ангела Меркел во четвртокот се сретна со премиерот Зоран Заев во Берлин. Позитивно изјаснување за оваа земја во германската влада е неспорно, затоа што Владата во Скопје го реши деценискиот спор со Грција и прифати промена на државното име, пишува агенцијата ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.