Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека побарал од Министерството за енергетика на таа земја да ја процени секоја можност за помош на Косово, за да не остане државата без струја за време на новогодишните празници.
Тој на својот Твитер напиша дека загрижено ја следи енергетската криза на Косово и Метохија и дека ситуацијата и во Албанија не е лесна, но дека не може, а да не го сподели со Косово тоа што го има.
На Албанија не и е воопшто лесно да ги заштити семејствата и малите бизниси од растечкиот бран на енергетска криза што и се заканува на секоја земја, меѓутоа, за време на големи радости, како што е Новата година, не можеме а да не споделиме со Косово, тоа што го имаме, напиша Рама.
Од минатата среда на Косово и Метохија секојдневно се воведуваат двочасовни рестрикции на електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.