Албанската Влада на денешната итна седница, по појавата на корона вирус во оваа земја, донесе одлука со која наставата во сите образовни институци се прекинува до 3 април. Албанија денеска ги потврди првите два случаи на инфекција со новиот коронавирус, а се работи за татко и син кои се вратиле од Италија.
Во рамки на владините мерки се прекинуваат летовите кон северна Италија и други области до 3 април. Исто така се прекинува наставата во целата земја. Време е да ги затвориме сите образовни институции и одложување на сите активности, јавни расправи, собри и слично до 3 април, изјави Рама.
На итна владина седница, премиерот објави дека се издвоени дополнителни финанисски средства во износ од 400 милиони леки.
Во оваа ситуација, како и при секоја ситуација кога општеството и државата се соочуваат со вонредна ситуација, неопходно е воздржаноста и зачувување на смиреноста, и следење на инфомаци од официјален извор, како и да се почитуваат препораките кои произлегуваат од потребата да се придонесува за себе и за другите. Ставивме на располагање и уште еден фонд од 400 милиони леки според барањата на Министерството за здравство,изјави Рама.
Претходно владата издвои милион амеркански долар за набавка на потребните средства за оваа цел.
Засега,како што изјави Рама, нема потреба од целосно затворање на границата,освен зголемување на мерките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.