Албанскиот парламент ги одобри измените во изборниот закон насочени кон спречување на манипулација со гласовите, клучен услов за Албанија да ги започне разговорите за пристапување во ЕУ.

Во парламентот со 140 места, 97 пратеници гласаа за амандманите, 15 беа против, а петмина беа воздржани. Парламентот избра и нови функционери во главната изборна комисија.

Измените вклучуваат праг од 1% за влез на политичките партии во парламентот.

Новиот изборен закон ќе важи од следните парламентарни избори закажани за 25 април следната година.

Изборите во посткомунистичка Албанија отсекогаш биле оспорувани и обележани со нерегуларности, вклучувајќи обвинувања за купување гласови и манипулации со пребројување гласови.

Изборната реформа следеше по препораките на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, која ги следеше изборите во земјата.

Во албанскиот парламент сега доминира левичарската Социјалистичка партија. Главната централно-десничарска опозиција, која го бојкотираше парламентот минатата година, го критикуваше новиот изборен закон.

На почетокот на оваа година, Европската унија даде зелено светло на Албанија и Македонија да започнат преговори за членство во Унијата, но се уште не утврди датум за тие преговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.