Владата на Албанија донесе одлука со која до 15 идниот месец ќе им бидат вратени парите наплатени на име казни, одземените лиценци за работа, возачки дозволи и возила, изречени поради непочитување на пропишаните мерки во периодот на пандемијата.
Одлуката предвидува простување на сите административни мерки од казнена природа изречени од релевантните државни органи за кршење на правилата или подзаконските акти издадени во рамките на мерките преземени за спречување и борба против Ковид-19, од 17 април до 7 октомври годинава.
Исто така, се простуваат сите административни мерки издадени од структурите на единиците на локалната самоуправа на семејствата погодени од природни катастрофи, односно земјотресите од 21 септември и 26 ноември 2019 година за откриени прекршоци при реконструкција на индивидуални куќи.
Одлуката е донесена по предлог на министрите за внатрешни работи Сандер Лешај, за финансии и економија Анила Денај и за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.