Од денеска во Албанија се повлечени дел од анти-ковид мерките, речиси седум месец од нивното воведување.
Полицискиот час наместо во 22 ќе почнува во 23 часот и ќе трае како и до сега до 6 часот, заштитните маски на лицето повеќе не се задолжителни на отворен простор. Се отвораат стадионите, театрите и кината, кои ќе работат со капацитет од 30 отсто, но остануваат затворени ноќните клубови и дискотеките.
Во зависност од епидемиолошката состојба, од 15 јуни полицискиот час ќе биде покус за еден час и ќе почнува на полноќ.
Во меѓувреме албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека во земјата пристига нова пратка со 11.700 вакцини од компанијата „Фајзер“, со што вкупната бројка на досега добиени вакцини е 858.750 дози.
Продолжуваме без застој со процесот на вакцинација, со кој до сега се опфатени 776.461 граѓанин, главно постари лица и вработени во ризичните сектори. Нашата цел милион вакцинирани во текот на јуни е пред реализација – објави Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.