67-годишниот Брахим Е., Албанец од Косово кој на 20 мај ја искасапи сопругата Драгица, по потекло од Србија, осуден е на доживотна затворска казна.
Брахим Е. на сослушувањето признал дека го сторил злосторството, но сепак тврдел дека не сакал да ја убие и сето тоа се случило во афект.
Мотивот за ова убиство е љубомора, а Брахим пред судот повторувал дека ја сакал неговата сопруга и не сакал да ја убие. Меѓутоа, судијата донесувајќи ја пресудата, го зел предвид и тоа што Брахим веќе претходно имал убиено две жени, а во 2008 година бил осуден на пет години затворска казна поради трговија со дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.