Владата на Србија денеска донела одлука со која им се овозможува на граѓаните на Република Албанија да влезат на територијата на Република Србија без пасош. Тие ќе можат да влезат во Србија со важечка биометриска лична карта.

Одлуката е резултат на потпишан меѓудржавен договор меѓу двете земји, кој ќе го олесни протокот на луѓе, стоки и капитал и дополнително ќе даде можност за развој на добрососедските односи меѓу земјите од Западен Балкан, соопшти владината канцеларија за соработка со медиуми.

Имплементацијата на оваа одлука, како што се наведува, создава дополнителни предуслови за понатамошен развој на економската, научната, образовната, спортската и културната соработка меѓу двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.