Експертот за политички прашања, Имер Мушколај, кој престојува во Вашингтон, објави дека косовската делегација го одложува доаѓањето во Белата куќа, бидејќи ААК се противи на договорот.
Проблемите инаку ја следат косовската делегација од самиот почеток на престојот во Вашингтон. Според пишувањата на медимуите, Рамуш Харадинај смета дека потпишувањето на договорот со Србија е знак за него дека треба да даде оставка, пишува Бота сот.
Иако се уште не се знае што пишува во договорот ставен на маса, протекоа некои информации, и тоа од поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој навел дека во него се споменува езерото Газивода, кое тој не сака да го даде и дека заради тоа подготвен е да ја сруши приштинската влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.