Нов скандал, безобразлук или „само“ провокација, но Албанците повторно покажуваат дека нивните декларации за грижа за српското историско наследство и верските објекти на Косово се чиста лага, пишува „Блиц“.

Последниот потег што го потврдува таквото тврдење е тоа што за Албанците Пеќката Патријаршија, која е еден од најзнаќајните објекти од српската историја и која се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско наследство, е „Албанска православна црква“

Такво нешто е објавено на фејсбук страницата на порталот од Пеќ, „Пеја њуз“.

Пеќка Патријаршија, албанска православна црква – пишува во описот на фотографијата на која се наоѓа овој познат српски споменик на културата.

По ваквата објава експлидираа коментарите, а еден дел од Албанците со сите сили се обидуваат да објаснат дека тоа навистина е албанско историско наследство.

Ние не ги палиме и сквернавиме нашите цркви, зошто Албанците тоа го прават ако велат дека е нивно – е еден од одговорите на таквите тврдења.

Ваквиот коментар е инспириран од тоа што токму Пеќката Патријаршија беше цел на голем број напади, обиди за сквернавење па дури и опожарување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.