Бугарската полиција го привела осомничениот напаѓач на министерот за образование, Николај Денков, во моментите кога тој ја напушти зградата на претседателството во Софија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова се случи за време на протестот против антиепидемиолошките мерки во бугарскиот главен град.
Инцидентот со министерот Денков доведе до полициска интервенција. Напаѓачот и припаѓал на про-руската и популистичка партија „Преродба“, која ја предводи Костадин Костадинов.
Истовремено, прес-центарот на Министерството за образование соопшти дека врз министерот Денков не бил извршен физички напад и дека тој нема никакви повреди и е во одлична физичка форма.
Освен пред зградата на претседателството, протест имаше и пред Министерството за здравство против утрешното воведување зелени сертификати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.