Хрватската Влада воведе нови мерки, според кои државјаните на Македонија, Србија, Косово и БиХ ќе мораат да одат во задолжителна 14-дневна изолација по влегувањето во земјата.

Овие мерки беа воведени заради порастот на бројот на заразени од коронавирусот во регионот по одржувањето на тенискиот турнир во Задар.

Турнирот беше одржан од Новак Ѓоковиќ, кој е еден од шестемина негови учесници во Задар, кој имаше позитивен тест на коронавирус. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ беше критикуван зашто одби да оди во самоизолација, иако на турнирот се сретна со Ѓоковиќ. Тој имаше негативен тест на коронавирус и се правдаше дека само на кратко се видел со него.

Корона кризата во Хрватска нагло се влоши во пресрет на парламентарните избори на 5 јули.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.