Во продавниците за малопродажба, во продавниците за храна како што се фурни, месарници, слаткарници и слично, во супермаркетите, во банките, во јавните служби што работат со странки, во фризерските и козметичките салони, во јавниот превоз и такси возилата, во лифтовите, во болниците, ординациите и дијагностичките центри во Грција, од денеска е задолжително носење маска како за граѓаните, така и за вработените, со одлука на грчката Влада, а по препорака на експертите, јави дописничката на МИА од Атина.

За прекршување на мерката предвидена е парична казна од 150 евра.

Во сите другите затворени простори, но и на отворено каде што има гужва и не може да се држи растојание, постои силна препорака да се користи маска.

Во црквите и религиозните објекти, иако беше најавувано дека може да се воведе, сепак носењето маска не е задолжително, туку постои само препорака, а заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вчерашната прес конференција рече дека мнозинството од црквите ги почитуваат превентивните мерки.

Грчката Влада, преку социјалните мрежи ги објави правилата во однос на тоа каде од денеска е задолжително носењето маска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.