Албанија ќе се повлече од балканскиот „минишенген“ доколку Приштина не биде вклучена во таа соработка, рече албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај.

Според албанскиот министер за надворешни работи „Ако ја исклучат Приштина од балканскиот Шенген, Албанија веднаш се повлекува“.

Албанија ќе се повлече од балканскиот „минишенген“ доколку Приштина не биде вклучена во таа соработка, рече албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај.

Премиерот Рама имаше суштински услов, кој не е предмет на преговарање, а тоа е дека ако Косово биде исклучено од таа соработка, Албанија веднаш ќе се повлече“, рече Цакај во интервју за КТВ.

Според Коха диторе, тој истакнал дека „Косово е црвената линија за Албанија во односите со Западен Балкан“.

Цакај додал дека принципот на Албанија е дека „во никој случај не треба да се донесуваат одлуки за олеснувања без вклучување на Косово“.

Цакај исто така смета дека треба да се смени терминот „минишенген“.

Тоа беше трилатерална средба на Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев, по претходните состаноци. Наскоро се очекува да имаме состаноци со Црна Гора и Хрватска, со Хрватска и Косово, и така натаму. Тоа нема да биде трилатерална иницијатива“, тврди Цакај и додава дека Приштина, Подгорица и Сараево се поканети да се приклучат на иницијативата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.