Ајкула долга повеќе од два метра се појави во плиткиот дел од морето на островот Корчул во Хрватска.
Како што бјави хрватски РТЛ, станува за модрулја, вид на ајкула кој живее во Јадранското Море и кој главно се храни со помал плен и риби, а многу ретко напаѓа луѓе.
Ајкулите многу ретко доаѓаат во плиткото, а билогот Петар Кружиќ, објаснува дека постојат различни причини, од хранење, преку чистење од паразити до размножување.
Сепак, како што вели Кружиќ, доколку се привлечени од крвта на некоја риба, ајкулите да нападне и човек.
Во Јадранското Море живеат околу 50 видови ајкули, а повеќето се хранат со планктон, риби, птици и ракови.
Досега во Хрватска се забележани девет напади на ајкули на луѓе, а жртвите биле странци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.