Истанбулската знаменитост Аја Софија, која од музеј е пренаменета во џамија, ќе биде отворена за посетителите кога во неа нема да се одржуваат молитви, а христијанските симболи и мозаици остануваат нејзин составен дел, потврди во петокот турската Управа за религиски работи.
Како што наведуваат, христијанските икони во Аја Софија, која е на листата на Унеско како дел од светското културно наследство, ќе бидат прекриени или затемнети, но за сега не е јасно како точно мерките ќе се спроведуваат.
Молитвите во Аја Софија во иднина ќе се одржуваат пет пати во текот на денот, а секоја во просек ќе трае по петнаесет минути.
Минатата недела турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека знаменитоста од шестиот век повторно ќе биде џамија, а тоа го направи веднаш откако судот во Турција ја прогласи за ништовна одлуката од 1934 година со која таа стана музеј.
Икони како и претстави кои прикажуваат животни или луѓе се забранети на места на кои муслиманите се молат на Бог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.