Градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети ја критикува одлуката на косовската влада за карантин која била донесена без консултации со локалните власти. Според Ахмети воведување викенд карантин додека државните граници се отворени ќе предизвика граѓаните да го напушатат косово и да заминат во соседството.
Ваквата одлука ќе ги втурне луѓето да го поминат викендот во албанија и Македонија кои што не се во подобра ситуација со коронавирусот, вели Ахмети во изјава за косовските медиуми.
Според одлуката на владата во приштина општините Приштина, Гњилане, Фуше, Обилиќ, Ѓаковица, Подујево и Штимље ќе бидат под карантин.
Забрането е движење на луѓе и возила освен на тие со специјална дозвола. Според одлуката на косовската влада затворени се трговските центри, супермаркети, ресторани и барови од 20 часот во петок навечер до понеделник наутро во 5 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.