Албанскиот претседател Илир Мета на попладневната прес-конференција искажа сериозни обвиненија дека во округот Корча на „лица со рекордни криминални досиеја им се издавале лични карти со имиња на обични граѓани, пред се припадници на малцинствата“.
Во областа Корча, на граѓаните со криминално досиеја им се дадени лични карти со податоци на други лица. Вакви документи за идентификација им се издавани на странски и албански граѓани. Оваа мрежа е откриена од други земји и претставува скандал во Македонија. Албански граѓани ги украле личните податоци на македонски државјани без нивно знаење. Неколку државни службеници и полицајци се уапсени во Македонија, каде е истрагата е во тек, рече Мета.
Тој ги повика сите службени лица да бидат внимателни ,а лицата со лажен или украден идентитет да не се појавуваат на избирачките места на 25 април.
Апелирам до сите службеници да внимаваат да не се појавуваат на избирачките места со лажни или украдени документи за идентификација или со употреба на документи на други гласачи. Побарав од обвинителството и Централната изборна комисија веднаш да ја започнат истрагата со преземање мерки за оваа незаконска криминална активност без нарушување на интегритетот на изборниот процес, порача тој.
Предупреди дека „кој ќе се обиде да го загрози гласот, ќе се најде во затвор“.
Оправдувањата не се прифаќаат. За злоупотребите не и не, рече Мета.
Ви го пренесуваме во целост говорот на албанскиот претседател:
Во контекст на заштита на интегритетот на изборите на 25 април од секаков мафијашки маневар или изборен криминал, денес официјално им се обратив на органите на правдата и на одговорните институции на албанската држава, за да испитам друг скандал, кој за жал доби меѓународни димензии, опфаќајќи ја и Албанија. Како претседател на Републиката, сум информиран за некои факти поврзани со незаконско дејствие што претставуваат кривично дело и кои можат да бидат поврзани, да влијаат или да го загрозат интегритетот или самиот резултат на изборите, во изборниот процес што ќе се одвива на 25 април 2021 година.
• Од обезбедените податоци и оние кои се веќе објавени, произлегува дека, во регионот на Корча, во некои општини во кои главно живее македонското национално малцинство, граѓани со криминално досие, кои се барани со меѓународни потерници, или вклучени во нелегални активности и барани со меѓународни потерницим, обезбедиле пасоши и документи за идентификација од тамошните локални власти, не со нивните податоци, туку со користење на лични податоци на други лица кои немаат никакви проблеми со законот.
• Значи, странски или албански државјани им се обезбедени документи за идентификација издадени од албанските матични служби со кражба на идентитетот на албанските граѓани од македонска националност, без нивно знаење.
• Овие лица, откако албанската држава им обезбедила документи за идентификација, продолжија да ги следат процедурите во Македонија, а поради поседување на двојно државјанство на лицето чиј идентитет е украден, и таму добиле документи за идентификација и продолжиле слободно да се движат за да се сокријат од органите за спроведување на законот или меѓународните органи за спроведување на законот.
• Од тоа што е објавеното од властите во Македонија (министерот за внатрешни работи) се вели дека го спровеле законот при издавање документи, не носејќи одговорност за фалсификувањето или киднапирањето на идентитет на албанските граѓани во Република Албанија, преку издадени официјални документи од албанските институции.
• Оваа мрежа и оваа незаконска активност е откриена во неколку европски земји.
• Прашањето, кое доби димензии на институционален скандал и стана предмет на јавна дебата во Македонија и од податоците објавени од тамошните власти, јасно е дека потеклото на оваа појава делумно тежи и врз одговорни органи во Република Албанија и ова е основата за мојата загриженост.
• Некои од лицата идентификувани како дел од оваа мрежа опремени со фалсификувани документи во соседната земја, првично им беа дадени албански документи за идентификација во општините Корча, Пустец и канцелариите за матична служба или изработка на документи за идентификација во овие општини.
• Линијата на незаконски дејствија може да се искачи и на централно ниво, сè до вклучување на вработени или поединци во други институции како што се Генералата дирекција за матична служба, канцеларијата за легализација во Министерството за надворешни работи, непрофитабилни организации кои нивните активност ги поврзуваат со полето на човековите права и заштита на националните малцинства.
• Во Македонија, се уапсени неколку државни службеници, полицајци и истрагата продолжува!
• Не ме загрижува само пласирањето на идејата во јавноста и на меѓународната сцена, пред нашите стратешки партнери, особено во областа на безбедноста, дека во Албанија секој може да добие документ за идентификација и да се движи слободно, без оглед дали тој е под потрага или се бара со меѓународна потерница.
Но, како претседател на Републиката, особено во овие моменти, пред многу важните и историски избори на 25 април, имам загриженост дека, со оглед на создадената ситуација и фактот дека изборниот криминал во Албанија е феномен што има соработници и автори на највисоки нивоа, криминалното дело кражба на идентитет на албански државјанин, можно е да биде претворен и во механизам што лесно го искористуваат криминалните елементи тука во Албанија, со цел мешање во изборниот процес, со гласање за едно лице повеќе пати, со помош на разни средства на идентификација добиени на овој начин, односно украдени, гласајќи и во име на имигранти кои немаат можност да дојдат дома за да го искористат своето право на глас.
• Дефинитивно може да има албански службеници или граѓани кои сториле некои кривични дела, од:
– Акции што ја олеснуваат трговијата со луѓе
– Фалсификување документи
– Фалсификување лични карти, пасоши или визи,
– Фалсификување акти на граѓански статус
– Злоупотреба на службената должност
– Помош за нелегално преминување на граница.
• Ги повикувам сите вработени и службени лица да бидат внимателни! Да не ја отежнуваат нивната одговорност и да не ни помислуваат да се појавувате на избирачките места, мислам на сите Албанци кои можеби биле вклучени во овој процес, со лажни документи за идентификација, украдени или користејќи документи на други гласачи!
• Секој кој ќе се осмели, ќе одговара, од првиот до последниот!
• Побарав денес од Обвинителството, другите органи за спроведување на законот во земјата, ЦИК и Министерството за надворешни работи, веднаш да започнат со соодветните истраги и верификации, преземајќи ги без одлагање потребните мерки за да се обезбедат повеќе податоци и докази за оваа и криминална активност, но и навреме да не се загрози, интегритетот на изборниот процес.
• Го повикувам секој јавен службеник, да биде одговорен и буден и без двоумење да го осуди секое дејствие што го нарушува правото на слободни и фер избори.
• Едно работно место никогаш не вреди колку иднината на Албанија, никогаш не вреди колку европската иднина на Албанците, не само на оние денес, туку и на идните генерации!
• Кој фалсификува, кој и да се обиде да го отуѓи и да влијае на гласот, ќе има свое место во затвор!
• Затоа, не се чувствувајте заплашени од никого и од ништо!
Претседателот на Републиката е на должност и ја следи секоја ситуација што се развива и начинот на реакција или интеракција на државните институции за да се заштити интегритетот на изборниот процес навремено.
Не се прифаќаат изговори, алиби во никој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.