Врз основа на изјавата која претседателот на Косово, Хашим Тачи ја дал по напуштањето на Специјалниот суд во Хаг, се подразбира дека тој е сослушан како осомничен, изјави вечерва адвокатот Куштрим Паљуши, пренесува Коха.

Во емисијата „Рапорт“ на КТВ, Паљуши истакна дека Тачи ништо експлицитно не кажал, но дека од неговите изјави сепак нешто може да се заклучи.

Тој ја потенцираше изјавата на Тачи дека обвинителот го прашал за активностите на Ослободителната војска на Косово, истакнувајќи дека тоа сугерира дека тој е сослушан во својство на осомничен.

Тој додаде дека вакво нешто води кон прашањето зошто треба да биде сослушан како осомничен, кога обвинението веќе е поднесено.

И има причина за тоа. Судија на претходна постапка го врати обвинението за дополнување, барајќи од обвинителот да разговара со Тачи, пред тој да го предаде обвинението, рече Паљуши, пренесува Коха.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.