39-годишната адвокатка Лидија О. од Суботица била уапсен вчера под сомнение дека се обидела да го убие својот 34-годишен клиент Дарко Г., пренесува Еспресо.рс.

Како што дознава Еспресо.рс, Дарко Г. вчера бил во канцеларијата на адвокатката, кога таа го нападнала со нож и му нанела полесни телесни повреди.

По нападот, адвокатката Лидија О. била уапсена, а нејзиниот клиент бил задржан во болница во Суботица.

Лидија О. е осомничена за кривично дело убиство во обид и во законски предвиден рок ќе биде спроведена во обвинителството со кривична пријава, пренесуваат српските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.