Петмината патници од автобусот на смртта, во кој удри воз на преминот кај Долно Меѓурово, ги изгубија животите и беа погребани, а еден дел од својот живот изгуби и машиновозачот на локомотивата. Човекот кој управуваше со композицијата во судирот со автобусот, после трагедијата отворил боледување поради состојба на шок и стрес.
Како што неофицијално се дознава, во прашање е помлад човек, кој после тешката несреќа побарал и психијатриска помош. Еден од неговите колеги, кој замолил за анонимност, во разговор за Блиц, рекол дека колку и машиновозачите да се подготвени за вакви работи, стресот не може да се заобиколи.
Во овој случај, ќе се осудам да кажам дека колегата ништо не можел да стори. Страшно е кога одеднаш пред себе ќе здогледате возило кое неподвижно стои, уште кога ќе видите полн автобус. Секако дека му е тешко, потресен е. Но не можел ништо да направи – вели колегата на машиновозачот.
Тој додал дека ретко кога трагедијата може да се спречи и апелира сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, бидејќи во вакви ситуации на сите им е тешко: и на оние кои ги изгубиле најмилите, и на повредените, и на оние кои ја предизвикале несреќата, но и на оние кои во неа учествувале, а не биле криви.
На пругата се случуваат разни работи, од оние кои се самоубиваат, преку оние кои страдаат од невнимание. Го разбирам и жал ми е за колегата и сите му посакуваме брзо враќање. А сликите…Сликите секогаш се враќаат. Ние машиновозачите мора да живееме со тоа – додава колегата на машиновозачот на локомотивата кој удри во автобусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.