Унгарската Влада го потврди денеска првиот смртен случај од коронавирус во земјата.

Во владиното соопштение се наведува дека станува збор за 75-годишен унгарски државјанин, кој починал веднаш откако е пренесен в болница со силна пневмонија и инфекција со коронавирус.

Според официјалните податоци, во Унгарија има 32 потврдени случаја на заразени со Ковид-19 и 159 лица кои се ставени во карантин.

Од оваа недела во земјата се затворени сите училишта и се воведени ограничувања за собирања на луѓе



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.