33 – годишен жител на Хрватска денес починал само 12 дена по вакцинирање со Астра Зенека, поради што хрватската агенција за лекови започнала истрага.
Како што пренесува весникот Блиц, Хрватската агенција за лекови денес добила пријава за сомневање на нус појави со смртни последици. Агенцијата во моментов е во контакт со здравствената установа во која е направена вакцинацијата за во најкраток рок да биде доставена документацијата на чии темели би можело да се спроведе оценката за последиците и како тие се поврзани со самата вакцина.
Во пријавата со хрватската агенција за лекови е наведена тромбоцитопенија и крварење, пренесува весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.