Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и премиерот Андреј Пленковиќ ја посетија Петриња, која беше уништена во земјотресот. За време на нивната обиколка на разурнатиот град еден човек се приближи до Пленковиќ и Милановиќ и почна да им вика. Нивното обезбедување го турнало човекот во обид да го спречи да им пријде. Но тоа, како што се гледа на видеото споделено на Твитер не им успеа.

Зарем не можеше некој да закова клинец за 30 години? Подобро ќе беше да се срушеше и ова што не се сруши. Преполно е со куршуми …

Никој не рушеше цело време. И сега ги вадам надвор децата, дали е ова нормално?!, извика човекот од лутина.

Додека човекот викаше пред Пленковиќ и Милановиќ тие само одеа и не реагираа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.