22-годишно момче од Македонија загинало во сообраќајна несреќа која се случила утрово околу 06:30 часот во познатото грчко летувалиште Халкидики, објави грчкиот портал „Halkidikinews

Порталот пишува дека уште едно 21-годишно момче, негов сопатник, е повредено во сообраќајната несреќа која се случила на патот Полихроно – Ханиоти, и било пренесено во болница.

Според порталот, починатото момче било од Скопје дојдено на годишен одмор во Грција.

Момчето изгубило контрола над неговото возило кое, од се уште неразјаснети причини, излетало од патот и се превртело.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.