Од почетокот на школската година во Србија 17 ученици се заразиле со ковид-19. Од нив 12 се во Белград, соопшти главниот српски епидемиолог Предраг Кон во интервју за ТВ Прва. Ако дојде до влошување на епидемиолошката состојба во образовните институции, тој најави дека ќе предложи да се премине само на онлајн настава.

Засега не е одредено колку деца треба да бидат заразени за некое училиште да биде затворено, но засега се е во ред“, вели Кон.

Школската година во Србија започна на 1 септември, со поделба на класовите со поголем број ученици на помали групи, со задолжително носење маски и физичко растојание.

На анкетите што ги спроведоа училиштата пред почетокот на наставата, дури 98 отсто од родителите се изјасниле децата да одат на училиште.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.