Родителите на уапсеното момче први ја забележале посветеноста на нивниот син кон радикалните идеологии и ги сигнализирале надлежните служби, изјавил за бугарските телевизии Емил Велинов, адвокат на семејството.
Таткото одлучил да се обрати до надлежните служби за да му се помогне во ситуацијата, бидејќи тој не можел да се справи сам. Сите деца велат – сурфање на интернет, случајно паѓање на веб-страница, почнуваат да кореспондираат со некоја личност. Тој некој непознат човек почнува да им кажува, што е добро, а што не е во ред, објасни адвокатот.
Велинов е категоричен дека 16-годишниот ученик од Пловдив е “жртва на Интернет”.
Не знам дали тоа се бомби, тие не претставуваат опасност, тие се продаваат слободно, момчето е апсолутна жртва на Интернет, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.