Во албанското пристаниште Драч во контејнер со банани се открени и запленети 140 килограми кокаин.

Контејнерот пред 24 дена тргнал од Еквадор, а дрогата пакувана во 200 пакетчиња била скриена во модифициран дел во горниот дел од контејнерот.

– Нарачката со банани требало да ја прими компанијата „Масаби Фрут“ од Тирана. Контејнерот прво минал преку скенер а потоа му била направена и физичка контрола, Долго време под надзор на Специјалното јавно обвинителство биле сопственици на компании, за кои постоел сомнеж декаа имаат врски со мрежата за трговија со кокаин од Латинска Америка до Албанија, пренесува агенцијата Балкан веб.

Сопственик на фирмата е Ерјон Пети, кој за агенцијата изјавил дека нема никаква поврзаност со дрогата, туку дека имал нарачка за банани од Еквадор. Потврдил дека е притворен неговиот партнер во фирмата и оти и тој треба да даде изјава во полицијата.

Во рок од десет дена ова е втора пратка со кокаин скриена во контејнер со банани од Еквадор, по онаа на 1 април, кога беа запленети 49 килограми кокаин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.