Првата жртва на силниот земјотрес кој во 12:20 часот ја потресе Хрватска е 12-годишно девојче, врз кое паднало градежен шут. Веста за Н1 ја потврдил градоначалникот на Петриња, епицентарот на земјотресот со јачина 6.3 степени.
Како што претходно јави репортерот на „Јутарњи лист“, во лоша состојба е и нејзината мајка, која е во шок.
Двајца од 20-тината повредени во Петриња се во тешка состојба, велат првичните информации од Хрватска, а спасувачките екипи сè уште немаат точна бројка на повредени или загинати.
Голем број на објекти се распукани или целосно рушени, распукани се улици, уништени автомобили…
Потресот направи штета и во Загреб, а беше почувствуван во целата околина, дури и во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.