Мигранти кои немаат никаков статус во Турција, во колони се движат кон Грција и Бугарија во обид да ја напуштат провинцијата Едирне која граничи со овие две земји.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека се работи за 100.000 мигранти.
Овие мигранти ги користат сите можни приоди кон границите со Европа, по копнен и морски пат, се движат низ планини, покрај реки, по патиштата…
Грција ја обвини Турција дека сега таа како земја е најголемиот шверцер на мигранти.
На границата меѓу овие две земји веќе има десетици илјади мигранти.
Грција прогласи мобилна безбедносна состојба. До април ги суспендира сите можности за издавање азил, а одлучна е да не дозволи влез на ниту еден мигрант во нивната земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.