Девојче од Индијана, која исчезнала во мај, беше пронајдена жива по речиси четири месеци поминати на Флорида. Полицијата ги уапсила нејзината баба и тетка, кои се осомничени за киднапирање и чување во хотелска соба.

Алија Рамирез (14) последен пат била видена на 27. април, кога се упатила кон автобуската станица на пат кон училиште. Сепак, таа одеднаш исчезнала, што довело до голема полициска потрага во Индијана. Истрагата ги одвела во округот Палм Бич, Флорида, каде што полицијата ги уапсила нејзината баба Елизабет Сендс (47) и тетка Алис Сендс (25).

Мајката на Алија ги обвинила нејзината мајка и сестра дека со месеци го чуваат девојчето во хотел, пренесува Дејли Меил.

Полицијата потврдила дека Алија е пронајден жива и здрава, но не соопштила дополнителни детали за истрагата.

Бабата и тетката се во притвор, но против нив се уште не е поднесено обвинение, соопштила полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.