Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека е почната реконструкција на Универзална сала, а за внатрешната реконструкција претходната градска власт воопшто нема проект.
Проектот за реконструкција на Универзалната сала продолжува, тоа е тековен проект финансиран од Владата, објасни градоначалничката Арсовска
Во однос на втората фаза од реализацијата на овој проект, односно за внатрешното реконструирање на Универзална сала, градоначалничката Арсовска истакна дека нема проектна документација, а не се обезбедени ниту финансиски средства, потенцирајќи дека буџетот е во катастрофална состојба и Градот во моментов е презадолжен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.