Кандидатката на градоначалничка за Град Скопје, Данела Арсовска, на митинг во Аеродром истакна дека во Скопје нема да има веќе заборавени места како што беа Горно и Долно Лисиче во изминативе четири години, како и дека сите скопјани заслужуваат бесплатен јавен превоз, модерен град со еколошки автобуси.

Арсовска вети дека истото ќе го реализира, како и многу повеќе за Скопје да е град на среќни граѓани.

Каде е новата гимназија која требаше да изникне во Аеродром? Каде е решавањето на сообраќајниот шпиц? Каде е надвозникот меѓу Аеродром и Кисела Вода, на Трета Македонска бригада преку пругата – праша Арсовска.

Таа додаде дека власта ни дупките на улиците не ги алсфалтирала, а не па да се зборува за големи проекти.

Не смее да ни се повтори истата грешка. Верувам дека скопјани не сакаат да го гледаат она што досега ни се случува во градот, но, ние имаме план и методологија Скопје да стане поубаво место за живеење и тоа ќе го овозможиме за Скопје да биде град на среќни луѓе – истакна Арсовска.

Таа посочи скопјани заслужуваат да живеат достоинствено и да имаат модерни услови за функционирање.

Два стратешки проекти се 250-те нови еколошки автобуси и бесплатниот јавен превоз за сите скопјани, за кои власта имаше доволно време да ги реализира, но тоа не го направи. Сега е време за модерно Скопје – порача Арсовска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.