Археолошкиот музеј од денес ги отвора своите врати за кучиња придружници на лицата со попреченост.

Како општествено одговорна институција кој прва меѓу музеите во нашава држава ја донесува оваа одлука, апелираме дека институциите од областа на културата треба да бидат достапни секому и да придонесат за подигнување нa свеста и овозможување слободен пристап на кучињата придружници“, соопштуваат од Археолошкиот музеј.

Од таму дополнуваат дека Археолошкиот музеј ги исполнува сите услови за непречен пристап на лица со телесна инвалидност и дека располага со лиценцирани водичи за лица со попреченост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.