Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност за инцидентот минатата година, кога за време на снимањето на филмот „Рѓа“ пиштолот-реквизит со кој пукаше на една од сцените ја усмрти камерманката Халина Хачинс.

Болдвин претходно кажа дека не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми. Тој вежбал сцена за вестерн-филмот „Рѓа“ кога се случи пукањето на ранч во близина на Санта Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година.

Хана Гутиерез Рид, која била одговорна за оружјето за филмот, исто така, ќе биде обвинета за убиство од небрежност.

По темелно разгледување на доказите и законите на државата Ново Мексико, утврдив дека има доволно докази за поднесување кривична пријава против Алек Болдвин и другите членови на филмската екипа на „Рѓа“. Во мојата позиција, никој не е над законот и сите заслужуваат правда, рече окружната обвинителка во Санта Фе. Мери Кармак-Алтвис.

Одлуката за поднесување кривична пријава ја објавила заедно со обвинителката Андреа Риб, околу три месеци откако го добиле конечниот извештај за инцидентот од канцеларијата на шерифот во Санта Фе.

Доколку бидат прогласени за виновни, и Болдвин и Гутиерез-Рид се соочуваат со затворска казна до 18 месеци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.