Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на синоќешниот митинг во Чаир на гласачите им најави претседател Албанец по заминувањето на Стево Пендаровски.

После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец, говореше синоќа Ахмети.

На предизборниот митинг им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, затоа што, како што вели претседателот на „интегративците“ навистина вредно работел и заслужува нов мандат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.