Денеска во 13 часот ќе биде претставен кандидатот за прв Албанец премиер, соопшти партијата на Али Ахмети, Демократска Унија за Интеграција.
Денеска, 24 јуни 2020, со почеток во 13:00 часот, во одморалиштето Претор кај Преспа, ДУИ ќе оддржи промотивна конвенција на кандидатите за пратеници на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020. На денешниот настан, лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе го претстави првиот кандидат Албанец за премиер на Владата на Македонија, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.