Агенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) го осуди нападот на новинарската екипа на Ал Џазира на вчерашниот протест во Скопје.
Ваквите појави, потсетува денеска во соопштение АВМУ, претставуваат загрозување на слободата на изразување и на правото на информирање на јавноста.
На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење и медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи, порача АВМУ.
Претходно, нападот на екипата на Ал Џазира го осудија и Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.