30 за Синофарм, 30 за Вицето. Ова е планот за набавка на вакцини во главата на Заев и Филипче. Македонија од грабеж ја спаси само добрата намера на кинеската влада, која недозволила арамилук на сметка на народот, реагира вечерва преку соопштение ВМРО ДПМНЕ на изјавата на СДСМ која се однесуваше на прес конференцијата на Миле Лефков.

Документите кои се објавија во јавноста потврдуваат:

1. Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија.

2. Фантом фирмата има провизија од 100%.

3. Министерството за здравство префрлило на име на фантом фирмата 12.5 милиони долари.

4. Фантом фирмата има основачки капитал од само 1.000 евра.

5. Фантом фирмата има само 3 вработени, реагира ВМРО ДПМНЕ.

Според најголемата опозициска партија, Заев и Филипче се должни да кажат како оваа фантом фирма ги уверила дека ќе ги набави вакцинитите? За после да испадне дека не може.

Заев и Филипче ќе одговараат за ненабавката на вакцини, поради што го загрозија јавното здравје, а живот изгубија стотици луѓе, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.