По 20000 денари им искеширала Владата на експерти што самата ги избра и покани да учествуваат во петте јавни дебати за уставните амандмани. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски нагласи дека не биле платени сите, туку оние на кои Владата им нарачала да изработат специјални експертизи. Но притоа не потенцирапеа кому му дале пари.еле.

Не плативме на сите учесници, туку само на дел на кои им побаравме да ни изработатстручен труд од областа за која се професионалци – рече Бошњаковски.

Учесници беа познавачи на различни сфери опфатени од преспанскиот договор ипромената на Уставот, ама само според изборни критериуми на Владата-поддржувачи на уставните измени. Критичарите сепак не добија покана. Владата не даде објаснување дали нивните експертизи не се потребни.

Меѓу дел од учесниците пак, не можеше да се нотира особена активност. Зошто Владата покани експерти на кои одлучи да им даде хонорар по сопствен избор од буџетски пари? Кому точно му се исплатени пари? На јавните дискусии учествуваа професорите Љубомир Фрчкоски, Нано Ружин, Темелко Ристевски, Ѓорги Спасов.

Инаку јавните дискусии не ја променија суштината на позициите на власта и пред тие дасе случат. Финалните уставни амандмани се попогубни од првично предложените. Дополнителносе додадени фразите „правни документи“ во Прогласот, наместо само „Прогласот“. Но Манифестот остана надвор, ама додаден е Рамковниот. Во четвртиот се впишувагрижата за „дијаспората на македонскиот народ и сите заедници“. Егејците не седијаспора, тие се афтохтоно малцинство во Грција, што значи дека ако целиотпроцес успешно заврши во Скопје и Атина, државава крева раце од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.