На крајот на прес-конференцијата на Табановце, премиерот Заев ја згреши страната, па наместо кај своите, замина по Вучиќ кај Србите.

Веднаш потоа откако протоколот на македонската делегација забележува дека Заев оди зад грбот на Вучиќ го повикуваат и тој се упатува кон македонската делегација.

Во дипломатскиот протокол кога еден лидер оди зад грбот на другиот тоа означува потчинетост, второстепеност и претставува дипломатски скандал.

Овој пат гафот не беше предизвикан од Вучиќ кој тргнува на вистинска страна туку од Заев кој од непознати причини оди кон српската делегација.

Гафот е забележан од твитерџија/твитерџика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.