Актерот Сашо Тасевски му посвети сатирична поема на премиерот Зоран Заев по неговата посета на Брисел:

Во авион Зоќе, датумче доби пресно,
Но ЕУ пак го стави во тесно
Шамари крка од лево и десно,
Расцепено газе не се шие лесно.

А не дека не беше фраер,
Возеше Зоќе мотори бесно
Се колнеше во ЕУ искрено и чесно,
Но расцветано газе не се шие лесно.

Ги имаше Зоќе и Рашко и Рада,
Љупче и Боки, Костадинов Коки,
Но им дојде крајот, ој моја песно,
Зинато газе не се шие лесно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.