Велешанецот Горанчо Крстиќ, кој пред неколку месеци бил хоспотализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, е сведок колку напор и енергија вложува медицинскиот персонал за да ги спаси заболените од ковид 19.

Јас, Горанчо Крстиќ од Велес, се нудам за помош да волонтирам во сабота и недела во ЈЗУ Општа болница Велес со оглед на тоа дека здравствените работници се уморни, вели Горанчо Крстиќ.

Тој ги повика сите оние кои се во можност и оние кои го прележале вирусот заеднички да се стават на располагање и да им помогнат на здравствените работници во овие тешки моменти додека да стивне вирусот.

Во последните 24 часа во Велес се регистрирани нови 39 позитивни случаи на Ковид-19, оздравени се 37, а бројката на активни случаи во е 767. Починат е и еден пациент на 82 годишна возраст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.