После серијата изјави, меѓу која и завршната на Тито Петковски, околу одлагање на распуштање на Собранието и негово условување со Законот за ЈО, дефинитивно на владејачката коалиција и се бега од избори.
Јасно е како ден дека и кога се договорија, знаеја за Законот за ЈО и можеа да го постават како услов.Но, тогаш појаки беа на вилици, во генерално погрешната идеја и стратегија да се оди на предвремени.
Ваквите настани и изјавите на Џафери, пак, ни откриваат уште една позадина. Дека односите меѓу ДУИ и СДСМ се во ужасна состојба и дека ДУИ смета, односно знае, дека може да извлече подобар резултат за себе, отколку СДСМ за целата коалиција.
И покрај историски најголемиот предизборен поткуп, при историски најголем и најнеодржлив буџет.Па на ВМРО им направивме Отпор за помал буџет и помало изживување со народните пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.