Критичарот Ивор Мицковски го коментира „развојот“ на васта во однос на критиката.

Од „примаме критика“ со „невладини и новинари лажат кај амбасадори“ –  не е јасно каде сакате да стигнете, но јасно е колку е гласна и очигледна вашата тенденција да ја замолчите, стигматизирате, маргинализирате или оцрните критичката јавност, пишува Мицковски.

Да ги појаснам досегашните позиции на власта околу критиката. Потоа и онаа на апологетите.
Прво беше кажете што сакате, ние сме одговорна и демократска власт, тука сме да слушаме и да учиме, да се поправаме. Ни треба критичка јавност.
Потоа прејде во мрчите, мрчатори сте, не зборете за ова, не коментирајте она.
Потоа се прејде на јавноста и медиумите пребрзо реагираат, хистерични се.
Конечно стигнавме до „невладини и новинари лажат кај амбасадори“, не смее да се критикува и некој да се третира како „боксерска вреќа“ и кога тоа го заслужува и кога не го заслужува. Пази ова – „и кога заслужува“.
Ставот на апологетите, што пак е рефлексија на најискрениот став на властите, е дека не треба повеќе да има новинари, ниту критика, пошто не биле ниту новинари, ниту критичари.
Секоја чест, продолжете вака, веќе сте во фаза Груевски, ама онака деформирани и изобличени вмровци. Еден вид на карикатура на ВМРО.
Каде планирате да стигнете, уште не е јасно, ама јасно е колку е гласна и очигледна вашата тенденција да ја замолчите, стигматизирате, маргинализирате или оцрните критичката јавност.
Да, помеки сте, ама подеднакво ужасни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.