Поранешниот прв човек на тимот на Ферари во Формула 1, Жан Тод изјави дека е информиран за ситуацијата со која се соочува Михаел Шумахер со години.

Легендарниот Германец имаше сериозна несреќа пред шест и пол години и оттогаш не се појавил во јавноста.

Исто така, информациите за неговата здравствена состојба се скудни, а одвреме-навреме се појавуваат шпекулации дека семејството на секој начин се обидува да го одржи во живот.

Тод истакна дека неодамна го видел Шумахер.

Го видов минатата недела. Тој се бори. Се надевам дека светот ќе има шанса повторно да го види. Тој и неговото семејство се стремат кон тоа, рече Тод.

Наводно, Шумахер треба да помине третман со матични клетки, но сигурно е дека постапката била прекината поради пандемијата на коронавирус.

Тод зборуваше и за актуелните светски проблеми, вклучително и расизмот, што го истакна шампионот на Ф1, Луис Хамилтон.

Мојата сопруга е од Кина, понекогаш има проблеми. Луис е погоден од тоа, тој искуси сè, но… Јас велам дека сите животи се важни, не само животот на црнокожите, или припадниците на жолтата или белата раса. Сите животи, заврши Тод.

Тој наводно има намера да се кандидира за прв човек на ФИА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.