Бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коронавирус поради што е откажано финалето на Адриа Тур во Задар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов.

Уште три тенисери се позитивни на корона вирус, изјави Шиме Вицковиќ началник на Цивилната заштита на Задарската жупанија.

Меѓу нив се хрватскиот тенисер Борна Чориќ и кондицискиот тренер на претходно заразениот Димитров, дознава Н1.

Во Задар се спроведуваат тестирања на луѓето кои биле во близок контакт со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој е позитивен на корона вирусот. Тој на Адриа тур во Загреб престојувал неколку дена и освен тенис играл и кошарка со останатите играчи, а се дружел и со граѓаните.

Во Хрватска вчера е објавено дена во последните 24 час регистрирани се 18 новозаболени од коронав вирус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.